Францускиот Тулуз го бара вардарецот Бакари Диало!

Францускиот тим Тулуз, кој лани го ангажираше Робен Кантегрел од Вардар, и оваа сезона „фрли око“ на еден од ракометарите што го носат „црвено-црниот“ дрес.

Според пишувањата на „Ла Депеш“, Тулуз е заинтересиран да го види во своите редови левиот бек Бакари Диало.

Диало летоска дојде во македонскиот шампион и се обрвза на едногодишен договор, остави одличен впечаток, особено со играта во дефанзива.

За Французинот, настапите во Вардар се први на меѓународна сцена, бидејќи досега беше дел само од Понто Комбо, Кретеј и Трембле.

Од оние ракометари на кои им истекуваат договорите со Вардар, досега соработката беше продолжена со голманот Борко Ристовски, а беше промовирано и првото засилување за наредната сезона – словенечкиот десен бек Нејц Цехте.