Французинките разочарани што не добија насловна: Поважна беше титулата на ОИ или трансферот на Меси?

Голманката на репрезентацијата на Фрaнција, Клеопатра Дарле влезе во конфликт со познатиот француски спортски весник Л’екип бидејќи и покрај тоа што го освоија златниот медал на Олимписките игри според неа весникот ги омаловажил репрезентативките.

Француските репрезентации во ракомет во машка и женската конкуренција и машката одбојкарска селекција на последниот ден од игрите освоија златни медали, но на насловната страна имаше место само за машките селекции. Следниот ден од освојувањето медали на ОИ весникот се занимаваше за потенцијалното доаѓање на Меси во ПСЖ што беше на насловната страна, а и сметаше на Дарле.

Голманката се обрати и преку Твитер профиот до Л’екип каде што напиша „Историјата се повторува, зарем не ја заслужуваме насловната страна на Л’екип?“. Ракометарките добија само мал ден од весникот како информација дека освоиле златен медал.

На затварањето на Олимписките игри женската репрезентација на Франција стигна до златниот медал триумфирајќи во финалето над силната репрезентација на Русија со што ја потврди доминацијата на Франција во ракомет на овие игри.