Франција ја презема пол позицијата: Црна Гора без муниција против „триколорите“

Во натпреварот на двете најдоброрангирани екипи од групната фаза на Европското првенство 2022, во Скопје Франција ја совлада Црна Гора со резултат 27-19(12-9). Франција од самиот почеток создаде предност и го градеше водството во текот на целиот натпревар, Црна Гора имаше можност да фати приклучок на средина на првиот дел, но искусните европски вицепрваци не дозволија никој да им застане на патот кон ново финале.

Почетокот на натпреварот им припадна на Французинките кои со два гола разлика ја одржуваа безбедната дистанца и резултатската контрола на теренот. Црна Гора имаше свои шанси, но грешките и одбранетите удари им одеа во корист на европските вицепрваци.

Во средина на првиот дел Црна Гора се приближи на само гол негатива, а разликата започнаа да ја намалуваат во моментите кога Заади беше исклучена во составот на Франција. Сепак во продолжение Црна Гора не го фати посакуваниот ритам, а Франција ги наплаќаше сите грешки на противникот, затоа до 20. минута Франција имаше прредност од високи пет голови 10-5.

Во финишот на првиот дел, Црна Гора имаше можност да се доближи на само два гола негатива, но не ги искористија шансите. Затоа по првите триесет минути Франција имаше предност со резултат од 12-9.

На самиот почеток на вториот дел, Јауковиќ заработи исклучување од две минути, а Канор, Валентини и Тубланк постигна голови па Французинките ја зголемија летвичката на највисока предност на седум голови дистанца, 16-9. Ништо не се промени ниту по враќањето на Јауковиќ на терен, Франција одлично се бранеше, а разликата се одржуваше на шест голови.

Високата предност, им гарантираше сигурност и трпеливост во нападите на триколорите, а на спротивната страна нервозната игра на Црна Гора и избрзаните решенија во нападот им овозможија на Французинките разликата да ја зголемат до двоцифрени 21-11, во 45 минута.
До 51.минута Црна Гора ја преполови високата разлика на противникот, но финишот беше задоцнет. Франција искусно го приведе овој натпревар кон посакуваниот крај, а резултатот по шеесет одиграни минути беше 27-19.

Фопа постигна 6 голови за Франција, Канор ја следеше со 4, како и Валентини и Флипс, а Таубланк постигна 3. Кај Црна Гора Радичевиќ ја предводеше листата на стрелците со 6 голови, Павичевиќ постигна 3 погодоци, а Јауковиќ и Брновиќ по 2.

Франција ја презема првата позиција на табелата во група 2, и речиси е пласирана во полуфиналето на европското првенство. Црна Гора својата шанса за полуфинале ќе ја бара во наредните два натпревари од главната фаза против Холандија и Романија.

ГРУПА 2 СКОПЈЕ

ПозЕкипаGDНПРЛБ.
12654018
2353026
3-253026
4-952125
5152034
6-1950141