Франција со трето олимписко злато, чекаше пет години, па и врати на Данска

Репрезентацијата на Данска дојде до третата круна на последните четири Олимписки игри, а со 25:23 се реваншираше за поразот пред пет години во Рио кога во финалето Данците беа поуспешни од триколорите. Сега Карабатиќ, Гигу, Абало, Жерард… најдоа начин за да се реваншираат и да дојдат до голема победа.

Франција беше подобриот противник во текот на поголемиот дел од средбата. Почетокот беше израмнет, а така беше до 4:4. Серијата од три гола донесе до 6:4 за Франција и најава за интересен тек во продолжение. Предноста беше гол до два до финишот од првите 30 минути кога Франција успеа да го крене нивото на игра и да зголеми на плус четири.

Добрата одбрана и подобрата игра во нападот, казнувањето на противникот за сето она што не го одработуваше според планот придонесоа во завршните моменти од првите 30 минути да се дојде до четири гола позитива и на одмор да се замине со 14:10.

Според сето она што можеше да се види беше јасно дека сè ќе се решава во вторите 30 минути. Франција тргна подобро во нив и имаше контрола односно успеа да се избори за убава предност од шест гола во првите неколку минути од второто полувреме. Одеше добро, а Жерард создаваше многу грижи за стрелците на Данска.

Сепак, сето она што се работеше добро во овој период како да почна да оди во надолна линија како средбата одеше кон крајот. Франција на 22:18 почна да паѓа во нападот односно процентот на реализација не беше тоа што треба за да може сигурно да се дојде до победа.

На сето тоа имаше и две исклучувања во исто време што отвори простор за противникот да дојде до триумф поточно до титулата на Олимписките игри во Токио. Данците трпеливо одеа кон израмнување. Долго ја бараа шансата, а успеаја да дојдат до неа при 24:23 кога имаше уште триесетина секунди до крај. Сепак, Франција одигра најдобро што може во одбрана и беше пресечена топка, а Фабрегас на празен гол ги постави конечните 25:23.

Ремили беше најефикасниот во ова финале со пет гола, додека Мем и Дескат погодија по трипати. Најдобриот стрелец на овие Олимписки игри, Микел Хансен беше најефикасен кај поразените, но и најефикасен на натпреварот со девет гола.