Франција со Жерар на голот на контрола против Германците, но и на ЕП

Репрезентацијата на Франција остана без планираните контроли поради добро познатите проблеми со коронавирусот, па затоа пред почетокот на првенството ќе може само на еден натпревар против Германија.

Добрата вест е тоа што голманот Винсент Жерар ќе биде подготвен за настап и ќе се врати во тимот пред заминувањето за Германија така што ќе има шанси за да се види формата пред почетокот на шампионатот.

„Планот за подготовки за Европското првенство ни е нарушен. За нас беше важно да ја оцениме нашата сила непосредно пред почеткот на турнирот. Спарингувањето со репрезентацијата на Германија ќе ни овозможи за да го одредиме конечниот состав, а многу е важно да имаме корист од таа средба. Во последните денови на тренинзите ги имавме и Матје Гребил и Рафаел Кaшете, но тие го напуштија кампот. Ни беа од голема помош во ситуација кога имавме недостаток од ракометари. Сега во националниот тим се враќа Винсент Жерард, кој ќе ни се предружи пред заминувањето за Манхајм“, вели селекторот на Франција, Гијом Жил.

Голманот на ПСЖ имаше семејна трагедија и беше отсутен од подготовките, но сега е подговен да му помогне на националниот тим.

Французите се во тешка ситуација бидејќи неколку играчи се повредени, а дел имаат и коронавирус, па уште не е познато со каков состав ќе се најдат на терен против селекциите на Србија, Хрватска и Украина во Групата Ц.