Франција моќно зачекори на олимписката сцена со победа над Аргентина

Од:IHF

Во обид да врати барем мал зрак од сјајот на некогашната „експертска“ ескадрила во машкиот ракомет, Франција повторно зачекори на олимписката сцена овојпат на ракометниот турнир во Токио. Во првиот настап имаа лесен противник во споредба со амбициите кои секогаш се насочени кон најсјаниот медал, па затоа и победата на Аргентина од 33-27 нема никого да изненади.

Репрезентацијата на Франција полека го губи својот статус во светот на ракометот. Затоа тие ќе се обидат да докажат дека и со Никола Карабатиќ на залез на кариерата, со пензиската награда за Абало и Гигу, со празнината која ја остави Омејер, новите клинци Мем, Ричардсон, Фабрегас, Ремили… можат да се вратат на старите патеки.

Токму воведната серија од 3-0 против Аргентина требаше да биде најава за нивните посветеност. Французите разликата постепено ја градеа, а рековалесцентот Никола Карабатиќ командуваше со поставата на терен и затоа во 20. минута имаа предност од шест погодоци (10-4). Но наместо да ја завршат работата во првиот дел триколорите дозволија противникот комплетно да се врати во игра. Ремили го постигна последниот гол за Франција во првиот дел во 22 минута, потоа следуваа неколку пречки и одбранети обиди, како и соодветни казни од спротивната страна. Аргентина до паузата успеа да ја намали високата предност на противникот и на полувреме да замине со пристојна негатива од два разлика 12-10.

Во вториот дел Франција бргу ја воспостави контролата над играта, па затоа резултатот по неколку искористени напади на двете страни започна да се менува во корист на „експертите“. Разликата постојано се зголемуваше, а во 52. минута Франција имаше предност од највисоки девет голови (29-20). До крајот Аргентина се обиде да се избори за достоен пораз, но разликата застана на седум голови, а резултатот на семафорот на 33-27.

33 (12-10) 27

ФРАНЦИЈА: Ремили 4, Ричардсон 7, Мем 6, Никола Карабатиќ 3, Н’Гесан 1, Абало 1, Гигу 2, Лука Карабатиќ 2 ,Фабрегас 4, Деска 4, Порт 2, Мае; Женти (2/10 одбрани), Жерард (8/26 одбрани)

Исклучувања: 10 минути
Седмерци: 4/6

АРГЕНТИНА: Фернанедез 2, Федерико Пизаро 2, Алехандро Симоне 2, Вајнштајн 1, Диего Симоне 8, Игнацио Пизаро 4, Пабло Симоне 2, Москариело 4, Мурино 1, Мартинез, Бонано; Мациел(5/29 одбрани), Бар(0/7 одбрани)

Исклучувања: 8 минути
Седмерци: 3/4

Во следното коло од групата А кое е на распоред за два дена, Франција ќе има уште еден јужноамерикански испит, додека Аргентина ќе се соочи со Германија.