Франција е рекордер и е осамена на врвот на вечната листа со медали

Селекцијата на Франција од денеска е новиот рекордер според бројот на освоени медали на Олимписките игри, но и според бројот на титули бидејќи ниту една земја досега не успеала да освои пет медали и три титули.

Французите со победата против Данска ја освоија третата круна и тоа на последните четири Олимпијади на кои имаат и едно сребро. Со бронзата освоена во 1992 година во Барселона тоа се пет медали. Доколку беа успешни во мечот за 3. место во Атланта во 1996 година тогаш бројката ќе беше и поголема. Меѓутоа и вака, Франција е лидер и рекордер.

По четири медали имаат Германија, Шведска, Романија и Шпанија, но од нив само Германците имаат едно злато.

Затоа, пак, по две злата имаат СССР, Хрватска и поранешна Југославија.

ВЕЧНА ЛИСТА НА МЕДАЛИСТИ НА ОИ

Франција            5 медали (3+1+1)

СССР     4 (2+1+0)

Хрватска             3 (2+0+1)

Југославија        3 (2+0+1)

Германија          4 (1+2+1)

Данска 2 (1+1+0)

Русија   2 (1+0+1)

Источна Германија        1 (1+0+0)

ЗНД *    1(1+0+0)

Шведска             4 (0+4+0)

Романија            4 (0+1+3)

Австрија              1 (0+1+0)

Чехословачка   1 (0+1+0)

Исланд                1 (0+1+0)

Јужна Кореја    1 (0+1+0)

Шпанија              4 (0+0+4)

Полска 1 (0+0+1)

Швајцарија        1 (0+0+1)

* Заедница на независните држави – Спортистите од поранешните републики на СССР се натпреваруваа под ова име на Олимписките игри во 1992 година во Барселона.