Франција го доби дербито против Холандија за прво место во групата Ц

Репрезентациите на Франција и Холандија се судрија во последното 3. коло од групната фаза на Европското првенство, а дербито за првото место во групата Ц го добија ,,сините”, со резултат 26:24. Французинките во главната фаза ќе пренесат четири бодови, додека Холандија само два.

Двете репрезентации влегоа мотивирано и сосема беше очекувано дека само нијанси ќе одлучуваат, кој ќе ја доби битката за првото месо во групата Ц. Во најголемиот дел од првото полувреме репрезентацијата на Франција имаше резултатска предност. Актуелниот светски шампион имаше одличен старт, поведе со 4:1 во воведниот дел, но по залетот на Франција следуваше серија од 3:0 на ,,лалињата” за 4:4. Во следниот период Франција ја имаше контролата, додека Холандија бркаше негатива од еден-два гола разлика.

Откако Франција во финишот од првиот дел имаше ,,плус три” 12:9, ракометарките на Холандија повторно се вратија во игра и дојдоа до израмнување на резултатот, 12:12. Сепак, Франција беше подобра во последните минути од првото полувреме, врза два гола во низа и на пауза замина со активен резултат од 12:14.

Франција во вториот дел влезе посигурно, но победата се уште ја немаше обезбедено бидејќи Холандија беше упорна и во ниту еден момент не се предаде. Иако Франција водеше со 19:16 во 40 минута и имаше неколку шанси да ја зголеми предноста на повисока разлика, сепак, Холандија во последните десет минути целосно се врати во игра.

 

 

09.11.2022 ФРА – ХОЛ

 

При водство на Франција од 21:20, ракометарките на Холандија со два гола во низа дојдоа до израмнување, 21:21. Нерешено беше уште во еден период од финишот, односно во 53 минута (22:22). Франција со квалитетна игра и ротација, како и со серија од 3:0 дојде до 25:22. Холандија не реализираше неколку напади за минус еден гол негатива, времето работеше за французинките, па така вечерашниот дуел во СЦ ,,Борис Трајковски” заврши со поволен резултат за светскиот првак.