ФОТО ЗА АНАЛИТЕ: Еден и единствен – кралот Кирил Лазаров Македонски!

Пред повеќе од 6.000 навивачи во Нант, Кирил Лазаров, беше испратен со спектакуларно шоу во играчка пензија.

Македонецот го одигра последниот натпревар за Нант на домашен терен, а раководството и навивачите го поздравија така како што заслужува – кралски.

Воопшто последниот натпревар во кариерата, Лазаров ќе го одигра во финалето на Купот на Франција против силниот ПСЖ.

Колекцијата на Лазаров е 56 трофеи освоени во сите држави каде што играл, но би можела да биде збогатена и за уште еден плус.