„Фалангата“ тргна во поход на Краков, ривалите на Македонија ги чека пекол во „Таурон Арена“ (ФОТО)

Дел од македонските навивачи тргнаа кон полскиот град Краков, каде што ќе биде базата на Македонија во прелиминарната рунда на Светското првенство.

Вториот и најголем дел од „фалангата“ заминува за Краков во текот на утрешниот ден со организиран превоз.

Македонија е во група со Норвешка, Аргентина и Холандија, па на нашите ривали сигурно нема да им биде лесно да играат пред бројната „фаланга“.

Момците на Лазаров првиот натпревар го играат на 13 јануари со почеток во 20:30 часот против Норвешка.