Фаворитите според планот, Швајцарија до сензационално реми кај Чешка

Во бараж натпреварите за пласман на Светското првенство во Шпанија немаше изненадувања, со исклучок на натпреварот помеѓу Чешка и Швајцарија кој заврши без победник, 27:27. Швајцарките може да жалат што не победија со оглед на тоа што имаа предност во поголем дел од натпреварот, но на домашен терен ќе бркаат место на Мундијалот.

Словенија беше убедлива против репрезентацијата на Исланд со 10 гола разлика, 24:14. Репрезентативките на Исланд и во првото, но и во второто полувреме постигнаа само седум погодоци. Солидна партија во словенечката селекција одигра, Елизабет Омореги која беше најефикасна со осум гола. Во репрезентацијата на Исланд, Ловиса Томсон беше најефикасна со пет гола.

Шведска ја декласираше Украина со високи 28:14. Веќе победникот беше решен по првото полувреме кое заврши со предност од 15:7 за Швеѓанките. Селекцијата на Шведска беше предводена од Јасмина Робертс со четири гола, а на спротивната страна, Лесија Смолин исто така постигна четири гола.

Селекцијата на Србија без многу проблеми триумфираше против Словачка со 26:19. Србинките имаа еден гол позитива на полувреме, 11:10. Во Србија најефикасна беше Јована Ковачевиќ со осум гола, додека на спротивната страна, Барбора Ланц ја предводеше листата на стрелци со шест гола.

Германија беше подобра од Португалија со 32:27. На полувреме гостинките имаа предност од 17:10. Во составот на Германија најефикасна беше Јохана Стоксландер со осум гола. Во селекцијата на Португалија најефикасна беше Лопес Мариана со шест гола.

Се очекува реванш натпреварите да бидат само формалност за репрезентациите кои забележаа убедлива победа над своите противници.