Уште часови до првиот натпревар, Македонија подготвена за прва победа (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Репрезентацијата на Македонија денеска го одработе и вториот тренинг така што ракометарите се подготвени за настап на првиот меч.

Селекторот Данило Брестовац уште еднаш имаше можност да ги провери момците и она што е сработено за натпреварот против Украина така што вечерва ќе се види најдоброто од нив.

Оние 16 играчи коишто ќе настапат беа познати уште вчера така што денеска се очекува само да го извлечат максимумот од нив на теренот.

[soliloquy id=”120336″]

Средбата почнува од 20:30 часот, а претходно во Виена играат и Австрија и Чешка.