Уште една Македонка во грчкиот тим: Дајана Јовановска потпиша за ПАОК

Марија Николиќ во следната сезона ќе има македонско друштво во грчкиот шампион ПАОК од Солун.

Репрезентативката Дајана Јовановска потпиша договор на една сезона и ќе настапува во грчкиот шампионат.

Јовановска, која беше долго време во Металург, интернационалната кариера ја започна во романскиот Данубиус Галаци, каде остана две сезони.

Потоа играше за исландскиот Копавогс, шведскиот Кристијанштад, норвешкиот Скрим и италијанскиот Одерцо.

„Возбудена сум што доаѓам во ПАОК. Верувам дека ова ќе биде одличен потег за мене, ПАОК е голем клуб. Нашата цел е двојна круна во Грција, и добро претставување во ЕХФ Купот. Ги поздравувам сите наши навивачи и ветувам многу победи“, вели Јовановска.