Уште една Македонка во Грција – Марија Тасевска се сели во ПАОК

Македонија во следната сезона ќе има уште една интернационалка во редовите на грчкиот шампион ПАОК од Солун.

Станува збор за левото крило Марија Тасевска, која досега во кариерата го носеше единствено дресот на Металург.

Ова ќе биде прв интернационален предизвик за еден од најдобрите стрелци во Женската лига во последните неколку сезони.

Лани дресот на ПАОК го носеа три Македонки – Марија Николиќ, Андреа Белеска и Дајана Јовановска, а кружниот напаѓач го продолжи договорот.

ПАОК покрај настапите на домашна сцена ќе има и настап во Европскиот куп, а ривал во второто коло ќе му биде исландскиот Вестманејар.