Успешен тест за Еурофарм Пелистер, висок триумф над Суботица

Ракометарите на Еурофарм Пелистер имаа добар тест во Србија на дуелот против Суботица и забележаа нова победа овој пат со 28:19.

Денеска битолчани доминираа на теренот и ги оправдаа очекувањата така што немаа проблеми за да стигнат до победата. Беа во предност во текот на поголемиот дел од средбата, а тоа го покажува и резултатот.

Еурофарм Пелистер се избори за победа од 28:19 со што продолжи со добрите игри.

Ова беше петта контролна средба за тимот од Битола после двете со КЛ7, Вардар и Војводина.