Украинец не сака да игра за руски клуб – Жуков замина од ЦСКА Москва!

Украинскиот репрезентативец Станислав Жуков не е повеќе ракометар на рускиот тим ЦСКА Москва.

На денот кога почна воениот конфликт меѓу Русија и Украина, договорот беше спогодбено раскинат.

Жуков дојде во ЦСКА Москва во 2020 година, но во тековната сезона не беше на теренот поради повреда на коленото.

Рускиот тим на таа позиција ги има екс вардарецот Дмитри Кисељов и белорускиот десен бек Олег Астрашапкин.

„На денот кога војната почна, го раскинав договорот со ЦСКА Москва. Моето семејство и јас сега сме во Гумерсбах, Германија, каде што имаме покрив над главите. Сигурен сум дека победата ќе биде наша“, кажа Жуков за сајтот на украинската федерација.