Украина како Македонија – со кадети на младинскиот ЕХФ шампионат во Варна

Селекцијата на Украина е еден од ривалите на Македонија на ЕХФ шампионатот за младинци, кој ќе се игра во источниот сосед во периодот од 16 до 24 јули.

Украинскиот селектор, Вадим Бражник, го објави списокот на 16 ракометари кои ќе играат на младинскиот ЕХФ шампионат.

Поголемиот дел од нив се интернационалци. Меѓу избраните 16 играчи се најдоа и неколку ракометари кои играат во младинските тимови низ клубовите во Германија и Полска.

11 ракометари се на возраст од 16 и 17 години, слично како и во селекцијата на Македонија, каде што најголем дел од играчите се кадетски репрезентативци, со неколкумина младинци.

Младинската репрезентација на Украина освен со Македонија ќе игра и против репрезентациите на Романија, Швајцарија и Косово во рамки од групата Б. Победникот на овој шампионат ќе обезбеди квалификации за Светското првенство во 2023 година во Германија и Грција.