Удар за Норвешка – еден од главните адути нема да игра на ЕП!

Репрезентацијата на Норвешка на Европското првенство во Унгарија и Словачка ќе настапи без Горан Согард Јоханесен, ракометар кој игра важна улога во ростерот на Норвешка.

Ракометарот на Фленсбург поради постојани болки во препоните мора да се оперира во најкус можен рок. Од таборот на Норвежаните нема информација за должината на отсуството на Јоханесен.

За репрезентацијата на Норвешка освен Јоханесен нема да настапи ни неговиот клупски колега, Магнус Род. Со нивното отсуство, Норвешка губи два клучни играчи.

Избраниците на Кристијан Бјорсен своите натпревари ќе ги стартуваат од Братислава. Нивни противници во рамките од Групата Ф се селекциите на Словачка, Русија и Литванија.