Убав гест: Додека нивниот миленик е во болница, навивачите му го „одржуваат“ автомобилот (ФОТО)

Полскиот лев бек Симон Сичко, по остриот старт на Леон Шушња и падот на глава во дербито меѓу Келце и Висла Плоцк, се уште е во болница.

Тој беше хоспитализиран веднаш по мечот со амбулантно возило, па неговиот автомобил останал на паркингот на салата „Легионово“, каде што го оставил пред патот за Плоцк.

Навивачите на Келце направија убав гест за нивниот миленик и го исчистија автомобилот од снегот кој што наврвна во Полска.

Сичко се уште е во болница, но наскоро би требало да биде пуштен на домашно лекување и ќе го дочека пријатно изненадување.

Хоспитализиран играч на Келце со потрес на мозокот, постои сомнеж за внатрешно крварење!

Висла го сруши Келце, избегнат инцидент! (ВИДЕО)