Турскиот Кастамону најде тренер

Шампионот на Турција во женска конкуренција, Кастамону во новата сезона освен во домашниот шампионат ќе настапува и во Лигата на шампионите. Амбициите на клубот се добар пласман во најквалитетното европско натпреварување.

За остварување на зацртаните цели, Кастамону мораше да најде искусен тренер. Иако поранешниот селектор на Црна Гора, Драган Аџиќ беше на чекор до преземање на турскиот клуб, сепак нов тренер според ,,rukometnitrener” ќе биде Костика Бучечи од Баја Маре.

Бучечи пред неколку денови преку социјалните мрежи објави дека си заминува од тренерската функција на Баја Маре поради проблеми со раководството на клубот.

Неговиот трансфер во Кастамону не е официјализиран, но во наредните денови се очекува негова промоција пред турските медиуми.

За новата сезона, Кастамону ги ангажираше и четирите репрезентативки на Црна Гора: Јованка Радичевиќ, Мајда Мехмедовиќ, Марина Рајчиќ и Милена Раичевиќ.