Трпеливо, прецизно, паметно и со една мисла – Рогановиќ ја препороди Црна Гора!

Репрезентацијата на Црна Гора после една деценија чекање повторно ќе игра на Светското првенство. Од сензационалната победа над Шведска за пласман на СП во 2013 година оваа репрезентација не успеваше да го помине баражот, така беше се до спектакуларната вечер во Морача и победата над Грција.

Во меѓувреме, Црногорците на последната препрека по ред ги запираа Белорусија, Русија, Хрватска и ЕХФ која поради короната ги откажа дуелите со Чешка пред две години.

Ваквиот резултат не дојде преку ноќ, ниту по никаков сплет на околности. Од 2018 година од кога Зоран Рогановиќ седна на клупата, многу трпеливо и прецизно ја градеше селекцијата за да ја доведе таму каде што е сега. Напредокот одеше постепено, но не и бавно.

Со умерен оптимизам и без спектакуларни најави, репрезентацијата на Рогановиќ оваа година го бележи и најголемиот напредок. Грција не е некоја репрезентација од која би се плашела некоја сериозна европска селекција, меѓутоа дека беа тежок „залак“ сигурно беа. Уште потежок за Црна Гора беше притисокот на некој начин да се верификува се што направија во претходнјиот период. Предводени од одличниот на голот на Небојша Симиќ Црна Гора се избори и со последниот предизвик во низата во изминатите 12 месеци зад нас.

Она што можеше да се забележи е што пред секој натпревар селекторот Рогановиќ повторуваше, а веројатно и во иднина ќе повторува една реченица „Се уште не сме го кажале последниот збор…“

Како Грција изгоре во „пеколот“ во „Морача“ (ВИДЕО)