Тројца поранешни вардарци ќе ја предводат Шпанија на ЕП

Европскиот првак Шпанија со проверени сили ќе ја започне одбраната на трофејот на континенталниот собир кој започнува утре во Австрија, Шведска и Норвешка.

Селекторот Жорди Рибера го скрати списокот, а на него се најдоа тројца поранешни ракометари на Вардар.

Список на Шпанија:Гонзало Перес де Варгас (Барселона), Родриго Коралес (ПСЖ), Раул Ентрериос (Барселона), Даниел Сармиенто (Сен Рафаел), Хорхе Македа, Џуан Кањељас (ПИК Сегед), Алекс Душебаев, Даниел Душебаев, Анхел Фернандез (Келце), Адриан Фигуерас (Грањолерс), Гедеон Гвардиола (Рајн Некар Левен), Хулен Агинагалде (Келце), Јосу Гони (Екс), Виран Морос (ПСЖ), Феран Соле (Тулуз), Алеикс Гомес, Аитор Арињо (Барселона)

Шпанија ќе игра во групата Ц во норвешкиот Трондхајм  заедно со Германија, Летонија и Холандија.