Три контроли, три различни стилови за посилна Олимпијада

Репрезентацијата на Франција и на Олимписките игри во Токио ќе биде со улогата на фаворит за место во финалето, но во последните години играта не е на нивото на кое сите се навикнати да гледаат од „триколорите“.

Веќе е познато и како ќе тече финишот на подготовките односно кои ќе бидат противниците на Франција пред Олимписките игри. Селекторот Жијом Жил се одлучи за Египет, Данска и Јапонија, а вели дека тоа го направил бидејќи трите селекции имаат различен стил на игра кој ќе им овозможи подобро да се подготват.

„Избравме три различни стилови на игра кои бараат од нас да ја менуваме тактиката или да се прилагодиме. Не можевме да играме против ривалот од првото коло. Го одбравме Египет, кој ќе биде на европска турнеја и Јапонија бидејќи ќе отпатуваме порано во Кошу. Данска е најсилниот противник од другата група за нашиот трет натпревар. Тоа ќе не принуди да направиме прилагодување и да пробаме повеќе тактики околу тоа што го планираме за Олимписките игри“, вели Гијом Жил.

Франција е во Групата А на Олимпијадата, а таму ќе се соочи со Норвешка, Германија, Бразил, Шпанија и Аргентина. Трите ривали во подоготвките играат во Групата Б, каде што се и селекциите на Шведска, Португалија и Бахреин.