Трио Начевски низ Европа: Ѓорѓи во Келце, Драган ќе „делегира“ во Барса, а Марјан во Магдебург

Европската ракометна федерација многупати досега докажала дека им верува на македонски официјални лица.

Овој викенд ќе бидат активни два судиски пара и двајца делегати. Силвана Карбеска и Марија Илиева ќе го судат дербито на колото во женската Лига на шампиони меѓу Будуќност и Ѓер утре во Подгорица од 17:00 часот.

Славе Николов и Ѓорѓи Начевски се „главни“ на дуелот меѓу Келце и Кил од групата Б во машката Лига на шампиони, кој ќе се одигра во салата „Легионово“ денеска од 18:00 часот.

Во истата конкуренција делегат на дербито меѓу Барселона и ПИК Сегед, кое се игра вечерва во „Блауграна“ од 20:00 часот е Драган Начевски.

Во Купот на ЕХФ, на македонскиот двобој меѓу Магдебург и Нант, кој се игра утре од 18:00 часот во Магдебург, делегат ќе биде Марјан Начевски.