Тримо Требње реди победи, Тоше Ончев втор стрелец во новиот триумф

Екипата на македонскиот интернационалец Тоше Ончев, Тримо Требње продолжува да реди победи. Во 5. коло Тримо на домашен терен беше убедлив против Смартно со 37:23.

Точе Ончев уште еднаш одигра ефикаасен натпревар и беше втор стрелец во својот тим. Левиот бек постигна шест погодоци, а беше сигурен реализатор на ударите од седум метри за својот тим и имаше три гола од три шута.

Тримо беше доминантен во текот на целиот натпревар и без многу проблеми освои нови бодови. На полувремето домашните веќе имаа добра преднсот од 17:12, додека во продолжението целосно го скршија отпорот на противникот и стигнаа до убедлива победа.

Со овој триумф тимот на Ончев останува на врвот на табелата со максимален биланс од пет победи. Во следното коло од првенството на Словенија, Тримо Требње ќе има гостување кај екипата на Копер.