„Триколорите“ моќно против Црна Гора, Исланд рутински против Зеленортските острови

На денешната програма од 18:00 часот во рамките на втората фаза од Мундијалот во Полска и Шведска , се одиграа  два дуели од новоформираните групи.

Првопласираната од групата Б, Франција славеше над второпласираната од групата А, Црна Гора со резултат  35-24 (16-13 ), и со нови два бода се приближи на чекор до пласман во четвртфиналето.

Во вториот дуел Исланд рутински ја совлада репрезентацијата на Зеленортските острови со 40-30, победа со која го продолжи сонот за висок пласман на Мундијалот.

Франција-Црна Гора  35-24 (16-13)

Репрезентацијата на Црна Гора  во почетните минути од натпреварот успешно му парираше на противникот, па со погодокот на Анѓелиќ израмни на 4-4 во 7.минута. Сепак од тој момент па до крајот на првиот дел Франција го подигна нивото нивото на својата игра, што резултираше со серија од 6-1 по која триколорите стигнаа до највисокото водство во првото полувреме од +5 (10-5). Еден од главните виновници за црниот период на црнорците беше голманот на Франција, Жерар кој нанижа дури 9 интервенции. Рогановиќ мораше да менува нешто во играта на својата репрезентација па во средината на првото полувреме го стави во игра левиот бек Божовиќ кој одлично одговори на довербата. Со четири гола во француската мрежа овој ракометар успеа да и помогне на Црна Гора да се врати во игра и преку Милош Вујовиќ да намали на 13-10. Тоа што беше Божовиќ за Црна Гора на спротивната страна беше Мелвин Ричардсон. Десниот бек го полнеше црногорскиот гол, успевајќи да ја врати Франција во сигурна позитива, која преку контрата на Греби ги врати највисоките пет позитива 16-11. До крајот на првото полувреме Радовиќ и Божовиќ постигнаа 2 гола за поднослива негатива за Црна Гора на полувреме 16-13.

Во вториот дел Франција брзо го реши победникот на мечот. Во почетните десетина минути веќе беше вратена највисоката предност од +6 (19-14), a во продолжение и комплетно се распадна играта на Црна Гора. Мелвин Ричардсон продолжи да го полни голот на Црна Гора броејќи до десет погодоци, а триколорите стигнаа до највисоки +12 (35-23). До крајот Црна Гора постигна еден погодок за конечни 35-24.

По овој триумф Франција стигна на чекор до пласман во четвртфиналето, а Црна Гора ги изгуби и така малите шанси за изненадување и висок пласман во продолжение на првенството.