Трефилов: Не сум во тимот, но посакувам Русија да победи на Олимпијадата

Репрезентацијата на Русија на Олимпшиските игри во Токио ќе има нов селектор, а првпат во тимот нема да биде Евгениј Трефилов со кого Русинките ги имаа најголемите успеси.

Русинките ја бранат титулата освоена пред пет години, но Трефилов нема да може да помогне.

„Сега не сум во тимот и не знам во каква форма е екипата, а и јас не е занимавам со пгорнози. Прво да видиме како ќе одиграат девојките на турнирот во Холандија. Таму ќе има сериозни спаринг ривали. Во исто време сакам повторно да ги освоиме Олимписките игри. Многумина мислат дека јас ќе се изгубам, но нема да е така. Доколку победат на игрите јас ќе бидам првиот кој ќе им честита“, вели Трефилов за медиумите во Русија.

Олимпискиот турнир особено во женска конкуренција е секогаш силен поради тоа што играат само 12 селекции и овој пат сигурно ќе донесе многу возбудувања.