Тренерот на Ристовска се пожали: Платите во Романија се многу повисоки од Русија

Тренерот на ЦСКА каде што настапува македонската репрезентативка Сара Ристовска, Флорентин Пера во изјава за „prosport.ro“ изјави дека буџетите на руските клубови се пониски од оние во првенството на Романија.

„Буџетите во Русија се многу пониски од романските. Бев заинтересиран за неколку ракометарки од романскиот шампионат. Но, не можевме ниту да започнеме преговори поради нивните плати. Во Романија тие се многу повисоки отколку во Русија“., вели Пера.

Тој смета дека поради финасиите многу ракометарки од Русија заминуваат за Романија.

„Многу ракометарки од Русија одат во Романија затоа што можат подобро да заработат. На почетокот, бев изненаден, но сега не сум. Голем буџет во однос на другите тимови имаат Ростов Дон, Лада и ЦСКА. Меѓутоа постои и разлика во стратегиите. Ние го имаме вториот и третиот тим на ЦСКА, тука е и Луч со кого соработуваме“, изјави Пера.

Тренер на ЦСКА Москва, Пера, во Русија е од минатата година, а исто така според „prosport.ro“ се обврзал повторно да го освои руското првенство и да стигне до „фајнал-фор“ во Лигата на шампионите.