Тренерот на Рајн Некар оптимист, наскоро ќе почнат со тренинзи

Ракометарите на Рајн Некар и тренерот Мартин Швалб се чувствуваат одлично откако ја добија битката со коронавирусот и сега се подготвени за враќање на терен и на работа.

Тој вели дека сите играчи со нетрпение очекуваат да се најдат одново на терен.

„Сите играчи се добри здравствено. Некои играчи како и ас бевме заразени со вирусот корона, но сега сите сме добро и наскоро би можеле да почнеме и со тренизни. Сепак, не сум сигурен дали сезоната ќе може да продолжи најдоцна до 16 мај. Ако има шанса да играме ние ќе бидеме подготвени,но во моментов сум скептик“, вели Швалб.

Инаку, судбината на Бундес лигата ќе биде позната на 20 април.