Трајковиќ даде 11 гола, Металург не виде мака со Деспина

Ракометарките на Металург одиграа според планот и предводени од левото крило Мила Трајковиќ славеа убедлив против составот на Деспина од Прилеп со 34-12.

Победникот беше познат уште по првото полувреме, кога избраничките на Јулијана Дамчевска водеа со 14 гола, 20-6.

Во вториот дел, таа им даде шанса на сите ракометарки од составот да заиграат, а предноста само се зголемуваше до конечните 22 гола разлика.

Мила Трајковиќ беше прво име во победничкиот состав со 11 погодоци, а шест постигна репрезентативката Ива Божиновска. Кај Деспина се истакна Михаела Петреса со четири гола.

Во следното коло, Металург е слободен, додека прилепчанки на домашен терен ќе играат против Стружанка.