ТРАНСФЕР МАРКЕТ: „Охридскиот Французин“ замина од АЕК, во Данска се потпишуваат договори на пет сезони!

  • Белорускиот кружен напаѓач Алексеј Ушал ќе го има првиот интернационален предизвик откако потпиша за унгарскиот тим Орошази. Претходно беше дел од СКА Минск, Мешков Брест, Аркатрон Минск, Кронон и Гомел.
  • Десното крило Начо Моја, кој во минатата сезона го носеше дресот на шпанска Гвадалахара, потпиша договор на две години со екипата на Куенка.
  • Францускиот интернационалец Малик Хогас, кој играше во тимот на Охрид во сезоната 2016/2016 и беше миленик на навивачите, вторпат си заминува од тимот на АЕК Атина, со кој десното крило стигна до титулата во грчкото првенство.
  • Шпанската репрезентативка Алмудена Родригез се врати во тимот на Глорија Бистрица. Десниот бек последната сезона ја мина во германскиот Турингер, а претходно беше дел токму од романскиот тим во кој направи камбек.
  • Голманот Никита Никулин, кој помина три сезони во рускиот тим ЦСКА Москва, го продолжи договорот на уште една година и ќе го сочинува голманското дуо заедно со Виктор Киреев.
  • Данскиот репрезентативец Маркус Браминг, кој беше меѓу најдобрите стрелци минатата сезона во ЛШ во дресот на Бјерингбро Силкеборг, го продолжи договорот со овој тим на пет сезони.
  • Шпанскиот клуб Грањолерс остана без двајца ракометари. Српскиот пикер Иван Поповиќ се сели во унгарското првенство во Чурго, додека плејмејкерот Јан Тарафета кој беше втор стрелец во тимот, исто така заминува.