ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Рапид најде замена за Лакрабер, Грецки не мрда од Рајн Некар…

  • Екипата на Рапид Букурешт, која остана без услугите на екс членката на Вардар, Александра Лакрабер, откако искусната ракометарка одлучи да си замине од престолнината на Романија, раководството на клубот денес ја објави нејзината замена на позицијата десен бек. Репрезентативката на Србија, Анѓела Јањушевиќ е новото име во романскиот тим.
  • Репрезентативецот на Германија, Патрик Грецки, кој од 2007 година го носи дресот на Рајн Некар, реши да го продолжи договорот со бундеслигашот. Десното крило и раководството на Рајн Некар се договорија на нова соработка, која ќе трае до јуни, 2026 година.
  • Младинската репрезентативка на Холандија, Рос Далеман е новото засилување во германскиот шампион и учесник во Лигата на шампионите – Битингхајм. 19-годишната ракометарка во редовите на германскиот клуб пристигна од екипата на Амстердам.
  • Еден од најдобрите стрелци во шампионатот на Данска, Мадс Андерсен, кој моментално настапува за Бјерингбро Силкеборг, во следната сезона ќе ја има првата интернационална авантура. Левиот бек на лето ќе се пресели во Бергишер и ќе има можност да ги покаже своите квалитети во Бундеслигата.