Шпанскиот Грањолерс покрај заминувањата на Иван Поповиќ и Јан Тарафета, остана без уште двајца ракометари – левиот бек Драшко Ненадиќ и десниот бек Освалдо Дос Сантос.
По пет сезони минати во Бундес лигата, во тимовите на Рајн Некар Левен и Бергишер, шпанскиот кружен напаѓач Рафаел Баена се враќа во татковината и ќе го носи дресот на Антекера.
Покрај Марија Штериова, романскиот тим Глорија Бузау се засили со уште четири ракометарки – десното крило Дијана Ујкиќ од Магура, кружниот напаѓач Бобана Кликовац, левото крило Ангела Јанушевиќ и Патриција Морару.
По Борко Ристовски, тимот на Бенфика остана без уште еден чувар на мрежата. Станува збор за Мигел Еспиња, кој по 16 години и шест освоени титули, се заминува од Лисабон и ќе брани за шпанскиот тим Уеска.
Средниот бек на ЦСКА Москва, Михаил Виноградов, го продолжи договорот со рускиот тим на уште една сезона, со можност за понатамошна соработка ако двете страни бидат задоволни.