ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Мотор купи двајца играчи, Таминен верен на „петлите“

  • Досегашниот тренер на женскиот тим на Нант, Фредерик Бужан, за првпат во кариерата ќе биде предводник на машка екипа. Тој ќе го води второлигашот Шербур, за кој потпиша Табанге Черубин, екс членот на Пелистер.
  • Украинскиот првак Мотор Запорожје потпиша договори со двајца ракометарки од тимот на СКА Минск за следната сезона. Станува збор за голманот Иван Мороз и за кружниот напаѓач Вјачеслав Бохан.
  • Шведската репрезентативка Касандра Толбринг, која играше за францускиот Бур Де Пеж, заминува и во следната сезона ќе има нов клуб.
  • Левото крило на финскиот тим Кокс, Тему Таминен, ја продолжи верноста со клубот од Рихимаки на уште три сезони, односно до 2024 година.
  • Францускиот Шарт го ангажираше левиот бек на Татран Прешов, Лукаш Урбан, а тоа значи дека Дан Емил Ракоцеа, кој беше позајмен од Веспрем, заминува од клубот.