ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Кинез потпиша за Мешков Брест, Нант ја донесе Риде, Магдебург останува без Јенсен

  • Официјалниот сајт на бундеслигашот Хамбург објави за новиот потпишан договор со плејмејкерот Доминик Аксман. Договорот со 23-годишниот среден бек е потпишан до 2025 година.
  • Данскиот тим Никобинг објави дека ќе се раздели од холандската репрезентативка Никита Ван Дер Влит, која оди во Оденсе, а во Никобинг доаѓа Норвежанката Каролин Јакобсен, која потпиша договор на две сезони.
  • Официјалниот сајт на бундеслигашот Магдебург објави дека на лето ќе се раздели со голманот Мајк Јенсен. Тој дојде во Магдебург во 2021 година од Балинген, а сега на негово место доаѓа Сергеј Ернандес.
  • Францускиот Сесон Рен објави дека двајца ракометари ги продолжиле договорот со клубот до 2025 година. Станува збор за средниот бек Лудвиг Аполинер и левото крило Жуниор Тузолана.
  • Шведската репрезентативка Јесика Риде заминува од данскиот Икаст на крајот на оваа сезона и ќе се пресели во францускиот Нант. Таа потпиша договор со тимот предводен од Хеле Томсен до 2026 година.
  • Амбициозната романска екипа Глорија Бистрица продолжува да биде активен на трансфер пазарот. Најново име на листата засилувања е полскиот десен бек Наталија Носек, која доаѓа од францускиот Безансон.
  • Белорускиот првак Мешков Брест објави дека до крајот на оваа сезона е потпишан договор со 25-годишниот кинески лев бек Чан Цијанзе, кој свовремено беше дел од сехалигашот Пекинг Универзитет и рускиот тим Таганрог.