ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Бенфика го раскина договорот со Њокас, Мотор донесе лев бек

  • Кружниот напаѓач Викторија Жилинскаите, која досега играше заедно со Сара Ристовска во ЦСКА Москва, од следната сезона се враќа во поранешниот клуб Кубан Краснодар.
  • Романската Решица, со која потпиша поранешниот член на Пелистер и Прилеп – Темо Орјонокидзе, ги донесе пикерот на Железничар Ниш – Владимир Јевтиќ и десниот бек на Нови Пазар, Алекса Милошевиќ.
  • Шпанската Бидасоа, која во минатата сезона беше дел од Лигата на шампионите во групата на Еурофарм Пелистер, го продолжи договорот со младото лево крило Микел Сабала до 2023 година.
  • Украинскиот шампион Мотор Запорожје го врати во своите редови позајмениот лев бек, Дмитри Горига. Тој играше досега за полскиот Погон и на 24 меча даде 95 погодоци.
  • Португалската Бенфика реши да крати на трошоци за следната сезона, па нема да смета на искусниот десен бек Кевин Њокас, иако Французинот имаше уште една година договор.
  • 34-годишниот лев бек од Србија со португалски пасош, Бошко Бјелановиќ, по кратка пауза и настапите за Спортинг Лисабон му се враќа на ракометот и ќе игра во германскиот нисколигаш Хемер.