Тонесен во февруари се сели во Фленсбург, па од лето во ПИК Сегед!

Норвешкиот репрезентативец Кент Робин Тонесен, заминува од унгарскиот првак Веспрем уште по завршувањето на Светското првенство.

Тој до крајот на сезоната ќе настапува за ривалот на Вардар во Лигата на шампионите, германскиот Фленсбург.

Овој тим има проблем со повредата на Франк Цемпер, па ангажманот на Тонесен ќе му дојде добро на тренерот Мајк Макула.

По завршувањето на позајмицата во Фленсбург, Тонесен од лето би требало да се пресели во големиот ривал на Веспрем – ПИК Сегед, пишува унгарскиот „Немзети Спорт“.

Таму ќе биде замена за Станислав Кашпарек, кој ќе си замине по три сезони во кои не доби вистинска шанса од Хуан Карлос Пастор, а Тонесен би формирал дуо со Лука Степанчиќ.