Томовски со одлична партија против Магдебург

Тимот на Лудвигсхафен, каде што настапува македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски, одигра пријателски натпревар со Магдебург.

Лудвигсхафен загуби со 31-24, и покрај тоа што Томовски на голот имаше одлична партија.

Нашиот чувар на мрежата беше на голот цело второ полувреме и успеа да собере девет одбрани за 30 минути.

Лудвигсхафен и Томовски ќе одиграат уште неколку пријателски средби пред стартот на Бундес лигата и натпреварот на 1 октомври на гости против Лајпциг.