Томовски одличен во деби сезоната, занемарлив учинок на Талески и Кузмановски во Бундес лигата

Бундес лигата заврши предвреме поради коронавирусот, па порано од очекуваното се сумираат импресиите од учинокот на македонските репрезентативци.

Голман Мартин Томовски во својата прва сезона во Бундеслигата одигра 27 натпревари за тимот на Лудвигсхафен. Тој бранеше во просек по 8:49 минути по натпревар, а запиша вкупно 89 одбрани од вкупно 275 удари кон неговиот гол, што е  24,45% на одбранети удари.

Најдобар стрелец од македонските интернационалци во Бундес лигата беше Жарко Пешевски од Штутгарт со 58 погодоци. Филип Талески даде 43 за Балинген, Филип Миркуловски 42 за Вецлар, додека Филип Кузмановски само 16 за Магдебург.

Најдобар стрелец е левото крило Бјарки Мар Елисон со 217 постигнати голови на 27 средби.