Титулата со Вардар му донесе номинација: Парондо е кандидат за најдобар тренер во 2019 година

Поранешниот стратег на европскиот шампион Вардар, Роберто Гарсија Парондо, е номиниран за најдобар тренер во 2019 година на Светската ракометна федерација.

Покрај европската титула со „црвено-црниот“ тим во Келн, Парондо стигна и до титулата со репрезентацијата на Египет на Африканскиот Куп на нации.

Освен Парондо, во изборот на ИХФ се номинирани и Николај Јакобсен, Емануел Мајонад, Кристијан Берге, Карлос Вивер, Амброс Мартин, Мајк Мачула, Габор Дањи, Дидие Динар и Торир Хергеирсон.

Победникот ќе биде прогласен во рамките на ИХФ неделата од 12 до 18 јули.