Тим од трета лига му се додворува на екс-селекторот на Германија

Поранешниот селектор на Германија, Кристијан Прокоп е без ангажман, но тим од 3. лига на Германија му се додворува и посакува да го види во своите редови. Се работи за екипата на Тус Винхорст, па останува на него да се изјасни дали би прифатил да „падне“ ниско и да работи во третолигаш.

„Ние го сакавме Алфред Гисласон, но Русите беа побрзи од нас, па потоа се разбуди и Бундес федерацијата која го ангажираше. Затоа сега го сакаме Прокоп. Се работи за добар тренер, а нашиот буџет е зголемен на 2 милиони евра за следните неколку години така што целта ни е да одиме напред“, велат од тимот на Тус Винхорст.

Целта на овој тим е да напредува и да оди ранг повисоко, па Прокоп е тренерот кој би можел да го донесе она што е потребно.

Минатата сезона тимот на Тус Винхорст заврши на 3. место во лигата, па останува да се види како ќе функциора во новата сезона и дали додворувањето ќе биде успешно.