Тимур Дибиров сподели анегдота – Зошто цела кариера игра со бројот 31 (ВИДЕО)

Еден од ракометарите кои учествуваа во сите успеси на Вардар во последните неколку години, Тимур Дибиров и понатаму е лидер во редовите на „црвено-црните“, а уште е еден од ракометарите кои секогаш го привлекуваат вниманието.

Дибиров се најде во најавата за новиот ТВ магазин на СЕХА, а во истата може да се слушне една анегдота која се однесува за бројот 31 со кој игра од почетокот на неговата кариера .

„Како дете дојдов во Чеховски медведи и нормално тогаш уште немав ништо направено во кариерата. Тој број беше слободен и ми го дадоа, па остана истиот до денес“, вели Дибиров за магазинот на СЕХА.

Најавата за магазинот можете да ја погледнете во продолжение и да ја слушнете комплетната анегдота.

Дибиров со Вардар освои многу трофеи во Лигата на шампоните, СЕХА лигата, Супер лигата на Македонија и Купот на Македонија. Постигна многу голови и секоја година е меѓу најефикасните играчи на „црвено-црните“.