Тиквеш со уште едно засилување, Коловски ново име во бековската линија

Ракометарот кој минатото лето беше дел од репрезентацијата на Македонија во ракомет на песок, Стефан Колоски во пролетниот дел ќе го носи дресот на ГРК Тиквеш. Екипата која единствена го заврши есенскиот дел со максимален број на победи продолжува да се засилува и да најавува суперлигашки амбиции.

После Гошевски кој дојде од Охрид, ова е уште еден играч во бековската линија кој ќе овозможи и поголема конкуренција и ќе даде шанса повеќе во изборот и во одбраната. Се работи за ракометар кој добро знае како е да се игра и во Првата и во Супер лигата така што ќе помогне многу во обидот да се остварат амбициите.

Колоски минатата година играше за Јуниор Кисела Вода, а во есенскиот дел се обиде да направи интернационална кариера, но се враќа одново дома така што Кавадарци е неговата следна дестинација во кариерата.