Тешка повреда за највозрасниот играч на ЕП, го заврши настапот по само еден меч!

Највозрасната ракометарка на Европското првенство во Македонија, Словенија и Црна Гора, го заврши настапот по еден меч.

43-годишната Силвија Наваро, чуварот на мрежата на селекцијата на Шпанија, ги скина вкрстените лигаменти на коленото на мечот со Црна Гора.

Оваа тешка повреда веројатно ќе значи и крај на сезоната за искусната голманка на Рокаса Гран Канарија.

Шпанија загуби и во второто коло на ЕП од Полска, па сега ќе го чека третото коло и средбата со Германија, која ќе биде решавачка за пласман во главната рунда.