Тешка група на Медитеранските игри: Кадетите против Шпанија, Хрватска, Црна Гора…

Машката кадетска репрезентација на Македонија од имаше два дена подготовки за настап на Медитеранските игри за ракометари до 19 години, што од понеделник до сабота ќе се игра во главниот град на нашиот јужен сосед.

Нашата репрезентација е во група Б заедно со Шпанија, Мароко, Црна Гора, Турција, Тунис и Хрватска.

Репрезентациите се поделени во две групи по седум репрезентации. Од групите првите четири репрезентации ќе продолжат во четвртфиналето, а ќе има и разигрување за пласман.

Сите 17 ракометари што ги повикаа Никола Матлиески и Данило Брестовац се појавија на подготовките и ќе настапат на Медитеранските игри.

Распоред на натпревари:

17.02, 13:30 часот, Македонија – Шпанија
17.02, 17:45 часот, Македонија – Мароко
18.02, 11:00 часот, Македонија – Тунис
18.02, 14:45 часот, Македонија – Хрватска
19.02, 11:00 часот, Македонија – Црна Гора
19.02, 16:00 часот, Македонија – Турција