Тежок дебакл за Хрватска, Фарски Острови ја средија и Полска!

Иако најдобриот играч на Фарски Острови, Елијас Елефсен Скипаготу, не беше најдобар стрелец, сепак островјани покажаа дека можат да победуваат и без негов голем придонес.

Фарски Острови запиша триумф со 38-32 и ќе разигрува за пласман од 9 до 12 место, а тоа значи изборен пласман на Мундијалот следната година во Германија и јужниот сосед.

Тежок дебакл доживеа селекцијата на Хрватска, која загуби од Исланд со убедливи 13 разлика, 33-20.

Тоа значи дека избраниците на Игор Вори ќе разигруваат само за пласман од 13 до 16 место и ќе мораат преку квалификации да се борат за СП.