Татабања пак менува тренер, но со Ѓукиќ доаѓа во Битола

Унгарската Татабања ја прекина низата од 15 натпревари без победа во европските натпреварувања и го победи Кадетен со 31-23 во Лигата на Европа.

Со новиот тренер Драган Ѓукиќ ова е втор триумф на Татабања по оној во домашното првенство над Чурго, но српскиот стратег ќе остане во клубот до јуни.

На негово место доаѓа актуелниот тренер на Веспреми КФТ, Чаба Томбор, кој Татабања веќе го промовираше на клупскиот веб-сајт.

Татабања е следниот противник на Еурофарм Пелистер и ќе гостува во Битола со Драган Ѓукиќ на 23 ноември.