Татабања направи место за четворицата пелистерци

Унгарскиот тим Татабања ќе има голем ремонт за следната сезона, а четири засилувања во оваа екипа доаѓаат од Еурофарм Пелистер. Откако неодамна ги промовираа новите засилувања, сега ги открија имињата на играчите што заминуваат.

Голманот Мартон Секељ, заедно со Бенедек Наѓ, ќе ги заменат Пјотр Вишомирски и Ласло Бартуч кои се селат во Горњик, односно Ѓенѓеш.

Средниот бек Јосип Периќ ќе биде замена за Бенце Ждолик кој оди во Дабас, додека левиот бек Немања Обрадовиќ ќе го замени Лукаш Урбан кој се сели во словачкиот Татран Прешов.

Десниот бек Матео Мараш ќе го менува искусниот Жолт Балог, кој ќе прави трансфер во Ференцварош.

Доаѓаат уште Урош Виловски, Петар Топиќ, Педро Алварез, Кристијан Угалде, Давид Уборњак и Андреј Пергел, додека заминуваат Дарко Стојниќ, Алексеј Ушал, Стефан Сунајко, Виорел Фотаче, Давид Фекете, Петер Хорњак и Нандор Богнар.