Тамше: Го респектираме Вардар, но ќе дадеме сѐ од себе за да го победиме!

Денеска се игра четвртфиналниот дуел меѓу Вардар и Нексе по кој ќе биде познат третиот патник на завршниот турнир во СЕХА лигата во Задар.

Тренерот на Нексе, Бранко Тамше е оптимист за денешниот натпревар против „црвено-црните“.

,,Денес играме со двократниот европски шампион, што значи дека сигурно ќе влеземе во натпреварот со многу почит за нашиот противник, но и решени да покажеме за што сме способни. Имавме некои добро и лоши моменти на подготовките, но се надевам дека денеска ќе одиграме најдобро. Целта секако е да се обезбеди учество на Ф4 во Задар. Кога станува збор за повредите, нема на располагање да ни бидат неколку играчи, но сигурен сум дека останатите ќе дадат сѐ од себе за да прикажеме солиден настап и да обезбедиме победа”, изјави Тамше.

Натпреварот меѓу Вардар и Нексе се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:15 часот.