Талески: Никој не очекуваше вакво нешто, очигледно има проблем!

Машката репрезентација на Македонија заугиб од Аргентина со 35-26 во третото коло од Мундијалот во Полска и Шведска и ќе разигрува за пласман од 25 до 32 место.

Левиот бек Филип Талески вели дека постои некој проблем во националниот тим кој мора да се реши ако сакаме да одиме напред.

„Никој не очекуваше, нема што да коментираме, секој коментар е сувишен по овие три пораз. Ќе има време за анализа, очигледно е дека има проблем што мораме да го решиме ако сакаме да одиме напред. За жал, во моментов сликата е таа што ја прикажуваме и што ја гледаме сите, по СП ќе анализираме, имаме уште наппревари, па ќе анализираме и ќе поправиме ако можеме“, изјави Талески.

Првиот натпревар Македонија го игра на 19 јануари против селекцијата на Алжир, а ривалите ќе не бидат уште Мароко и Тунис, бидејќи се очекува да загубат од Хрватска, односно Данска.